| четврток, 6 декември 2018 |

Мукаетов докупи 1.445 акции на „Алкалоид“

mukaetov
Генералниот директор на фармацевската компанија „Алкалоид“, Живко Мукаетов,  докупил уште 1.445 акции на компанијата, соопштено е на Македонска берза.

Со новостекнатите акции Мукаетов поседува околу 7 отсто од акциите на компанијата. Вкупниот број на издадени акции на „Алкалоид“ изнесува 1.431.353 акции од кои 1.418.646 се со право на глас.

Практиката да купува акции од компанијата, Мукаетов ја воведе со доаѓањето на нејзино чело  и тоа го прави во континуитет секоја година.

Ова во западната деловна етика се толкува како силен знак дека вложувањето во таа акција за сите надворешни инвеститори е посакувано и сигурно. Тоа се образложува со аргументот дека компанијата е просперитетна зашто нејзината управа купува акции и тоа го прави во континуитет.

Лани „Алкалоид“ оствари добивка од работењето од 10 милиони евра, што е за 3 отсто повеќе споредено со претходната година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top