| четврток, 6 декември 2018 |

Родителите на Кончита под полициска заштита

Родителите на овогодишниот победник на „Евровизија“, Кончита Вурст, секојдневно се справуваат со огромен број посетители кои доаѓаат да ја видат Кончита, која веќе одамна не живее во родното место.

Историската победа за Австрија ѝ донесе на Кончита губење на анонимноста, така што папараците, а и обожавателите не ѝ даваат мир.

Кончита, бидејќи има мноштвото обврски, не го чувствува многу овој проблем, но затоа со тоа се соочуваат родителите.

Од победата на пејачот-трансвестит, кој за многумина, пред сè за хомосексуалната популација, стана икона, многу луѓе од сите страни на светот доаѓаат во австриското место Бад Нитерндорф за да ја посетат родната куќа на Кончита, односно на семејството на новопечената ѕвезда.

Таткото на Кончита, Зигфрид, вели дека дневно доаѓаат повеќе луѓе и дека понекогаш ситуацијата поради однесувањето на обожавателите се заканува дека ќе ескалира.

Тој нагласил дека градоначалникот одлучил, за да ги заштити, да одреди полициска заштита.

И покрај сите непријатности кои родителите ги имаат повремено, тие се исклучително горди на Кончита.

– Кончита за мене и за мојот сопруг не е само одличен уметник, туку истовремено и по малку ќерка која никогаш не сме ја имале – рекла мајка ѝ Хелга.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top