| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ: Власите имаат значаен придонес во градењето на единството

ВМРО-ДПМНЕ со честитка до Власите:

vmro-dpmne1_11

ВМРО-ДПМНЕ на сите припадници на влашката етничка заедница им го честита празникот 23 мај – Националниот ден на Власите.

Денешниот ден е многу значаен за Влашката заедница, бидејќи 23-ти мај претставува афирмација на нивната култура и традиција.

Власите со својата трудољубивост, богата култура и општествено делување претставуваат нераскинлив дел од историјата на нашата држава. Тие имаат значаен придонес во градењето на единство, меѓучовечко разбирање и хармонија во нашето општество.

Нека ваквите празници бидат повод за заедничка заложба за благосостојбата и просперитет на нашата држава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top