Ве извесуваме дека денеска, 23.05.2014 година, директорот на Бирото за метрологија, м-р Димитар Парнарџиев, и Федор Б. Владиленович, заменик-директор на Федералната агенција за техничко законодавство и метрологија (Rosstandart) во Москва, Руската Федерација, свечено потпишаа Меморандум за разбирање и соработка во област на метрологијата.
Главните области предвидени со Меморандумот за разбирање и соработка што денеска беше потпишан, се унапредувањето на соработката во размена на знаења, учество во научно-истражувачки проекти, трансфер на знаење преку организација на обуки на вработените и учество на семинари, како и развој и воведување нови методи и мерни техники во секојдневната работа.
Бирото за метрологија на Република Македонија и Федералната агенција за техничко законодавство и метрологија на Русија имаат водечка улога во област на метрологијата во рамки на своите држави и како такви имаат за цел обезбедување на униформност во мерењата како на национални, така и на меѓународно ниво, како и креирање на политики и хармонизација на легислативата од област на метрологијата.
Меморандумот претставува рамка, односно ја дефинира веќе иницираната соработка со Федералната Агенција за Техничко Законодавство и Метрологија со цел македонските метролози да имаат пристап до врвна обука, како и стручните лица од Русија да можат да го пренесат своето знаење и искуство, со можност за научна надградба што ги нуди оваа врвна институција.
Меморандумот посебно ќе се фокусира на унапредување, развој на потенцијалите и размена на искуства како во законската метрологија, така и во научно-истражувачката работа на Бирото за метрологија која е во својот зачеток.
Во рамки на потпишувањето на Меморандумот беше реализирана работна посета на Националниот метролошки институт на Русија (VNIIMS) оформен во рамки на Федералната Агенција за Техничко Законодавство и Метрологија. При работната посета на VNIIMS беше остварена средба со Директорот на институтот проф. д-р Сергеј Кононогов, заменик на директорот проф. д-р Лев Исајев, како и лицето одговорно за меѓународна соработка г-н Сергеј Комисаров. VNIIMS еврвна научно истражувачка институција во светски рамки, чија што главна дејност е истражување и креирање на политики за постигнување на униформност на мерењата на меѓународно ниво. Воедно, VNIIMS е институција која е што е одговорна за имплементација на законската регулатива во област на метрологијата.
Исто така, реализирана е и работна посета на Рускиот научен Институт за истражување на физичко-технички мерења (VNIIFTRI) чија што главна дејност е реализација на мерни еталони за повеќе области на мерење и дисеминација на мерните единици на национално ниво, како и остарување на следливост во мерењата на меѓународно ниво.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст