| четврток, 6 декември 2018 |

Продолжува опасноста од поплави во Хрватска

pooplavi-hrvatska500
Иако водостојот на Сава опаѓа, опасноста од поплави во Хрватска сѐ уште не поминала и интензивно се работи на одбрана на местата кои сѐ уште се загрозени, јавуваат хрватските медиуми.

Најтешка е ситуацијата во Гуња, Строшинци и Рачиновци, Посавски Подгајци, Ѓуриќи и Дреновци. Поплавени се 210 квадратни километри.

По состанокот на Кризниот штаб, договорено е делумно затворање на насипот за да се овозможи повлекување на Сава од поплавените подрачја.

Хрватската министерка за култура, Андра Златар Виолиќ, изјави дека во поплавените подрачја врз културните и сакралните објекти е нанесена штета од десетици милиони куни.

Виолиќ со премиерот Зоран Милановиќ и други членови на Владата го посети Рајево Село.

Според неа, во поплавите на подрачјето во Хрватска се оштетени книжарници, домови на културата, повеќе десетици манастири и цркви од 17 и од 18 век.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top