Вчера од Москва во Бања Лука тргна авион со 37 тони помош наменета за населението погодено од поплавите, изјави шефот на Претставништвото на Република Српска во Русија, Душко Перовиќ, пренесуваат руските медиуми.
Според неговите зборови, помошта се состои од агрегати, пумпи, шатори, ќебиња, намирници, средства за лична хигиена и други средства неопходни за ублажување на последиците од катастрофалните поплави во Република Српска.
– Русија деновиве организираше собирање помош за поплавените региони. Министерот за вонредни ситуации на Русија изјави дека на Република Српска ќе ѝ биде пружена сета неопходна помош – изјави Душко Перовиќ
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.