| четврток, 6 декември 2018 |

Мекејлеб ефикасен, Фенербахче декласиран од Барселона

Македонскиот репрезентативец Лестер Бо Мекејлеб, беше втор стрелец кај Фенербахче со 17 поени, во катастрофалниот пораз на турскиот тим од Барселона со 60-99, во меч од 8.коло во Евролигата.

Мекејлеб мина на паркетот 36 минути и имаше солиден настап, со добар процент на удар од поле. Се обиде 13 пати за два поени, погоди седумпати и даде една тројка од еден удар. Бо имаше и по 3 скока и украдени топки, со 4 асистенции. Најефикасен на мечот, со 18 поени беше неговиот соиграч Бојан Богдановиќ, но двајца расположени кошаркари се премалку за победа против моќната Барселона. Каталонците се лидери во Ф групата со 7 победи и само еден пораз. Фенербахче е на претпоследното место со 2 победи и 6 порази и има само теоретски шанси за пласман понатаму.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top