| четврток, 6 декември 2018 |

„Тајм“: Владимир Путин и Кси Џинпин ќе настапат заедно против Западот

Претседателот на Русија, Владимир Путин, и претседателот на Кина, Кси Џинпин, сфатија дека тесните врски меѓу Москва и Пекинг ќе бидат полезни на фонот на сѐ понапрегнатите односи со Западот, пишува „Тајм“. Како што смета весникот, сега на рускиот лидер му требаат пријатели, а барем еден од нив тој веќе пронајде во Кина.

И покрај тоа што Русија и Кина регуларно соопштуваат дека имаат добри односи во последниве 20 години, меѓу нив, како и секогаш, постои недоверба, се кажува во статијата. „Сепак, старите рани, се чини, почнаа да заздравуваат“, пишува весникот, додавајќи дека тоа се случува на фонот на поголемата изолација на двете држави. Во материјалот се забележува дека на Москва и на Пекинг им треба не само дипломатска поддршка, туку и економска соработка.

Весникот заклучува дека потесните односи меѓу Русија и Кина можат да имаат сериозни геополитички последици за Западот.

„Д Индепендент“, од своја страна, ја почнува статијата за Москва и за Пекинг со зборовите „непријателот на мојот непријател – е мој пријател“. Весникот посветува внимание на „топлата атмосфера“ за време на средбата меѓу рускиот и кинескиот претседател, додавајќи дека односите на двете држави со САД во последно време станале полоши.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top