– Нагласуваме дека овие бројки не се прецизни поради тоа што повеќе граѓани пријавуваа исчезнување на една личност, со тоа автоматски се зголемува бројот на исчезнати – велат Српското министерство за внатрешни работи.
Од министерството апелираат лицата што во меѓувреме се пронајдени, а за тоа не ја известиле полицијата, да го сторат тоа најбрзо што можат за да бидат избришани од списокот со исчезнати.
– Апелираме до сите граѓани што пријавиле исчезнато лице, доколку во меѓувреме е пронајдено, за тоа да го известат Оперативниот центар на МВР – се вели во соопштението на српското МВР.
Во Србија вчера беше прогласена тридневна жалост за загинатите во поплавите, а според досегашните информации загинале 22 лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.