| четврток, 6 декември 2018 |

Хотел во кој ќе се чувствувате како бездомник (видео)

Заборавете на чоколадите на перницата, чисти пешкири наредени во форма на лебед. Во овој хотел нема да добиете ниту кревет

Faktum_hotel
Ако престојувате во хотелот „Фактум“, по цена од 10 долари на ден, можете да почувствувате како живеат бездомниците.

Овој хотел е во Гетеборг во Шведска и сите пари заработени се даваат за добротворни цели.

-Имавме многу ладни денови во јануари и февруари. Со проектот сакавме да сфатат колку е тешко е да се биде бездомник- вели Арон Исраелсон, уредник на овој необичен проект.

Еден во шест бездомници во Шведска (од вкупниот број се проценува на околу 3.400 луѓе) живеат во Гетеборг. Иако земјата има голем број на социјални програми и засолништа за нив, се чини, се уште има простор подобрувања.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top