| четврток, 6 декември 2018 |

Концерт на Ана Дурловски и Македонската филхармонија

Македонската филхармонија вечер во Домот на АРМ ќе одржи концерт насловен „Магичната Ана Дурловски“

B311EDC150B9FE4094C5A447CDE49E5E
Оркестарот ќе биде под водство на познатиот бугарски диригент Емил Табаков, а како солист ќе настапи македонски сопран и добитник на највисоката оперска награда во Германија – „Фауст“, Ана Дурловски.

Со својот уникатен музички израз и спектакуларните можности на нејзиниот глас, Дурловски ќе го отпее Концертот за колоритен сопран и оркестар од Рајнхолд Глиер, единствен од таков вид во светската музичка литература.

На програмата се и балетската музика „Валпургиска ноќ“ од Шарл Гуно, увертира кон операта „Набуко“ од Џузепе Верид, како и симфониската поема „Вретеното на Омфал“ од Камиј Сен-Санс, која премиерно ќе биде изведена во Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top