Индексот СиП на Вол Стрит забележал најголем дневен пад во последните три месеци, бидејќи инвеститорите биле обесхрабрени од најавата на Американската централна банка (ФЕД) да ја намали или укине програмата за купување на обврзниците.
Доу Џонс се намалил за 108 поени, или 0,77 отсто на 13,927 поени, СиП 500 се намалил за 1,24 отсто, на 1,511 поени, а Насдак индексот за 1,53 отсто на 3,164 поени.
Најголемиот дневен пад на СиП 500 индексот од ноември минатата година е последица на објавата на записите од неодамнешната седница на ФЕД, кои покажале дека одредени членици на американската централна банка се загрижени поради трошоците за купување на државен имот и хипотекарни обврзници, па би можеле да ја намалат или целосно да ја укинат таа програма, позната како квантитативно попуштање.
– Инвеститорите би сакале квантитативното попуштање да продолжи додека економијата целосно не закрепне, па информациите дека таа програма би можела да биде укината може да предизвика несигурност на пазарот- рекол партнер во компанијата “Ланд Колт Капитал“.
Квантитативното попуштање на монетарната политика, ФЕД ја воведе во 2008 година за да ја неутрализира финансиската криза и да ја извлече економијата од рецесија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст