Претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски испрати писма во кои изразува жалење за жртвите од поплавите во регионот.
Тој во писмото адресирано до неговата колешка од Србија, Маја Гојковиќ, напиша дека од свое име и од име на македонските пратеници упатува длабоко сочувство.
-Македонските граѓани сочувствуваат со своите соседи и пријатели од Србија, користејќи го секој можен начин да придонесат кон олеснување на последиците од големата катастрофа – напиша Вељаноски.
Второто писмо е испратено до претседателот на Парламентот во Босна и Херцеговина, Милорад Живковиќ.
-Со надеж за брзо и успешно надминување на последиците, нормализирање на животот на граѓаните и нивно враќање кон секојдневните обврски, ваша Екселенцијо, ви упатувам изрази на жалење – напиша македонскиот спикер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.