| четврток, 6 декември 2018 |

Така пишуваше Иво Андриќ: Големите поплави се паметат како бунтовите или војните

Ivo Andric

„Во неправилни интервали, од дваесет до триесет години, надоаѓаат големи полави, кои потоа се паметат како што се паметат бунтови или војни“, пишуваше книжевниот великан, нобеловецот Иво Андриќ во романот „Мостот на Дрина“, во кој ги опишува поплавите што го погодиле Вишеград и Босна и Херцеговина.

„Големите и чести поплави кои беа многу тешки за касабата, не му можеа ништо на мостот. Тие доаѓаа секоја година, напролет и наесен, но не беа секогаш опасни и судбоносни по градот покрај мостот. Секоја година барем по еднаш или двапати, Дрина ќе надојде и ќе се замати и со себе ќе понесе сѐ што ќе ѝ се најдеше на патот – гранки од дрвја, лисја, кал…

Во касабата страдаа авлиите, дворовите и подрумите на најблиските куќи. И сѐ ќе заврши така. Но, во неправилни интервали, надоаѓаат големи поплави кои се паметат како што се паметат бунтови или војни…По тие поплави малку останува од имотот…“

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top