Антонио Бандерас стана заштитно лице на ТВ-кампањата на „Вригли Орбит“ (Wrigley’s Orbit) за 2013 година. Водечката марка на гуми за џвакање објави глобално партнерство со актерот.
Тој во новата кампања ќе ја рекламира предноста од користењето гуми за џвакање без шеќер по оброците и одржувањето чисти и здрави заби.
Бандерас објаснува што го привлекло за соработка со „Орбит“.
– Отсекогаш сум бил љубител на храната, а како актер одржувањето убава насмевка и здрави заби е исклучително значајно. По брз оброк на сетови,те џвакањето „орбит“ е наједноставен начин за подготвен да се вратам пред камерите – вели актерот
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.