Голферот Рори Мекилрој ја раскина веридбата со тенисерката Каролина Возниацки, само неколку дена откако двојката ги прати поканите за свадба.
Мекилрој им потврди на медиумите дека ја прекинал веридбата со тенисерката бидејќи не бил подготвен за брак.
– Не постои вистински начин да се прекине некоја врска која ни значела многу – напиша голферот во соопштението.
– Проблемот е во мене – овој викенд беа пратени поканите и заклучив дека не сум подготвен. На Каролин и ја посакувам целата среќа на овој сцет и сум и благодарен за времето поминато заедно – напиша Мекилрој.
Рори и Каролина беа во врска две години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.