Амбасадата на Сојузна Република Германија организира заедничкиот концерт на Аксел Цвингенбергер и Винс Вебер. В недела со почеток во 20 часор концертот ќе се одржи во малата сала на Центарот за култура во Битола, а во понеделник, исто така во 20 часот во Даут Пашиниот Амам.
-Со перфектна импровизација „Буги мајсторите“ ги носат на сцена африканските ритми и европската хармонија. Радувајте му се на буги вуги ритамот и блуз пeсните – најврелата музика измислена за пијаното, велат од Одделот за култура во Амбасадата на Германија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.