| четврток, 6 декември 2018 |

Во две млека е најден афлатоксин

mleko

Откриените две контаминирани млека не се дистрибуирани во малопродажната мрежа, туку се задржани во магацините на дистрибутерите

Уште две млека, едното од Србија, а другото од Хрватска имаат зголемени вредности на афлатоксин. Резултатите од лабораториските анализи денеска ги соопшти македонската Агенција за храна и ветеринарство. Се работи за млекото „Моја кравица“ на производителот „Имлек“, со масленост од 2,8 проценти и со ток на траење до 14 август. Присуство на афлатоксин над дозволените граници е пронајдено и кај млекото наменето за најмладата популација „Дукат+7 витамини“, со малсленост од 2,8 проценти и рок на траење до 19 април.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top