| четврток, 6 декември 2018 |

Како денеска изгледа Љиљана Николовска, првата пејачка на групата „Магазин“?

маг 4

Љиљана Николовска, хрватската пејачка со македонско потекло која беше член на познатата поп група Магазин од 1982 па се до 1990 година, денес живее во Америка.

Во Калифорнија е од 1993 година, а последен проект кој го има снимено во Хрватска е соло албумот Лет, издаден во 1996 година.

Денеска заедно со својот сопруг Пит Мазиќ има студио, а се бави и со хуманитарна работа.

магазин 2

Инаку во Магазин по Љиљана пејачка беше Данијела Мартиновиќ, па Јелена Розга, преку Ивана Ковач, ќерката на Мишо Ковач, па се до денешната пејачка Андреа Шушњара.

магазин 3

На вечерата приредена по концертот кој Оливер Драгојевиќ го одржа во Лос Анџелес, на кој присуствуваше и Нина Бадриќ, Љиљана покажа дека и покрај тоа што годинава ќе наполни 50 години, тоа воопшто не се гледа на неа!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top