| четврток, 6 декември 2018 |

И Манџукиќ пристигна за да им помогне на настраданите од поплавите (фото)

Напаѓачот на Баерн Минхен, Марио Манџукиќ, пристигна во местата што се загрозени од поплавите, а со него дојдоа и неколку комбиња со храна, облека, лекови. Вкупно 6 тони помош со популарниот Манџа дојдоа во Славонски Брод и во Гуње.

Манџукиќ скромно изјави дека тоа е само мал дел од помошта за да им ги олесни маките на настраданите.

„Ве молам, не фотографирајте ме. Сакам да помогнам, не ставајте ме мене во фокусот на вниманието“, рече Манџукиќ.

mandza

 

Првите фудбалски чекори Марио ги направи во Марсонија од Славонски Брод, а и овојпат покажа дека има големо срце, помагајќи им на своите во Брод и во околината.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top