Собранието на Република Македонија ги верификуваше мандатите на пратениците на СДСМ во согласност со Уставот – изјави поранешниот претседател на ДИК од редовите на СДСМ, Александар Новаковски, во гостување на телевизијата „24 Вести“.
Верификацијата на мандатите, посочи тој, е врз основа на конечниот извештај на Државната изборна комисија. Конечниот извештај на ДИК е доставен до Собрание, го расправале на седница и тој е во точка на дневен ред.
Новаковски посочи дека со тужбата која ја доставува, опозицијата побива дека се верифицирани мандатите иако имало изјави заверени од нотар.
– Мандатите се верификувани врз конечен извештај на ДИК. Верификационата комисија во моментот кога предложила да се верификуваат мандатите, предвидено е во законот – доколку има дилема околу одредени мандати, може да бара мислење од ДИК – рече тој.
Новаковски праша зошто сега не следат оставки бидејќи не слушнал некој да достави оставки. Избраните пратеници од СДСМ се повикуваат на нотарските изјави.
– Ние имаме системи каде мандатот се враќа до ДИК, кај нас не. Кај нас се враќа до Собрание. Овој термин „неприфаќање на мандат“ е многу редок термин. Има земји каде не може да се врати мандат. Во нашето законодавство тој термин го нема и строго е предвидено, затоа јас го сметам тоа за преседан, предвидено е дека треба да се даде оставка. Кај нас беше толку строго да оставката мораше и лично на седница да ја даде пратеникот – објасни екс-претседателот на ДИК.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.