| четврток, 6 декември 2018 |

Анелов организира протест пред владата

Денеска, во 19 часот ќе се одржи протест пред владата во знак на револт од именувањето на Талат Џафери за нов министер за одбрана

stojance angelov
„Достоинство“ организира протест пред влада и пред Генералштабот денеска во 19 часот, против именувањето на Талат Џафери за министер за одбрана.
Претседателот на „Достоинство“ ги повика сите бараниетли да се приклучат на протестот и, како што велат организатоите, да се искаже револтот од назначувањето на поранешен командат на ОНА за прв човек на одбраната.

Зборно место на учесниците е договорено пред гимназијата „Јосип Броз Тито“, а оттаму ќе се упатат во канцелариите на “Достоинство“ кои се наоѓаат во непосредна близина. Потоа, во 19 часот протестаните ќе го искажат револтот пред владата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top