| четврток, 6 декември 2018 |

Комити насилно влегле на стадионот во Штип – повреден полицаец

Вчера на градскиот стадион во Штип, за време на фудбалскиот натпревар меѓу екипите на ФК Брегалница од Штип и ФК Вардар од Скопје, пристигнале навивачи на навивачката група „Комити“.

Поради непоседување влезници, Комитите не биле пуштени од редарите да влезат внатре, но истите изреволтирани насилно ја турнале вратата од источната трибина,  а дел он вив влегле внатре со прескокнување.

Во туркањето повредиле полициски службеник. Исто така, повреден е и еден навивач од навивачката група „Комити“.

За време на насилното влегување, натпреварот е прекинат околу десет минути, а потоа продолжил без проблеми.

Од страна на полициски службеници ќе бидат преземени соодветни мерки против ФК Вардар и одговорното лице во согласност со Законот за спречување на насилство и недостојно однесување спортски натпревари.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top