Директорот на Ветеринарниот институт во Јагодина, специјалист д-р Зоран Рашиќ, вчера за „Танјуг“ изјави дека во областа Свилајнац се отстранети седум тони мртви животни, а денеска е во тек рехабилитацијата на фарми во Кушилјево, каде што во поплавата умреа 2.000 јагниња поготвени за извоз во Израел.
– Најранливи општини во округот Помровски се Параќин и Свилајнац. Вчера наш приоритет беше Свилајнац бидејќи таму дојде до смрт на голем број животни, ние во текот на вчерашниот ден евакуиравме стотици мртви животни: овци, јагниња , кози, прасиња и 700 парчиња разна живина, кокошки, мисирки, патки – рече Рашиќ.
– Денес и утре ќе правиме санација на фармата во Кушилјево кај Свилајнац, каде што дојде до вистинска катастрофа, имало 2.700 јагниња подготвени за извоз кон Израел, но луѓето на фармата биле во можност да спасат 700, за другите немало спас зашто водата многу брзо надоаѓала – рече Рашиќ.
Во текот на денешниот и на утрешниот ден ќе се евакуираат и ќе се изврши дезинфекција за повторно да се оспособат за натамошна употреба, додаде тој.
– Во Параќин се евакуирани 200 мртви несилки, а денес се собираат други мртви животни, но таму, колку што ние знаеме, нема поголема смртност, барем не е објавена – рече Рашиќ.
– Вчера во Параќин доставивме средства за дезинсекција бидејќи се појавиле некои инсекти во станбени згради и од вчера таму се работи на дезинсекција – вели Рашиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


