Во градот Добој, кој беше погоден од поплавите, водата денеска се повлече, но низ градските улици остана големо количество тиња и во тек е
санирање на теренот, објавија медиумите во Република Српска.
Добој веќе не е во опасност од поплави, а по повлекувањето на водата, жителите чистат, го исфрлаат мебелот и калта од надојдената вода во претходните денови.
Постојано се доставува вода за пиење, храна и останати потребни намирници.
Повозрасните жители на Добој, кои ги паметат поплавите од 1965 година, велат дека водената стихија не била ниту блиску до катастрофата која ја преживеале претходните денови.
Републичките и локалните власти апелирале до граѓаните да им помогнат на полицијата, војската, пожарникарите и на припадниците на Цивилната заштита при расчистувањето, со цел што побрзо да се почне со дезинфекција и дератизација на целото подрачје и да се спречат зарази и болести.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.