| четврток, 6 декември 2018 |

Се брани електраната „Никола Тесла“ по секоја цена!

elektrana Nikola Tesla

Првиот бран стигна до Белград, а денеска приоритет е одбрана на главниот град, но нешто што е поважно од тоа е заштита на термоелектраната „Никола Тесла“ во Обреновац.

Според извештаите на српските медиуми, утрово 15 камиони со вреќи песок се подговени за распоредување во Белград за заштита на брегот на Сава, а 13 други камиони ќе бидат испратени во одбрана на централата во Обреновац затоа што поради подигнувањето на нивото на Дунав и новиот бран од Хрватска, најголем водостој има токму во делот кај термоелектраната.

Доколку термоелектрата биде поплавена, може цела Србија да остане без струја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top