Спортската гордост на Израел, Макаби Тел Авив, ја покори Европа и по шести пат е кошаркарски шампион на стариот континент. Вечерва во финалето на Евролигата, Макаби го изненади Реал Мадрид и со победа од 98-86 стаса до неочекуван триумф и нова круна.
Мечот беше одлучен дури по петминутно продолжение, откако во регуларниот дел беше нерешено 73-73. Во дополнителното време блескаше Тајрис Рајс со неверојатни 14 поени и серија од тројки, што го урна кралот од Мадрид, иако Реал беше апсолутен фаворит за титулата.
Рајс го заврши мечот со 26 поени и ја заслужи наградата за најкорисен играч во финалето на Евролигата. Макаби и во полуфиналето покажа цврст карактер, надомести негатива од 15 поени и ја елиминира фаворизираната ЦСКА од Москва, а меч-винер повторно беше Рајс со победнички кош на 5 секунди до крајот.
Во предигра на финалето, Барселона ја победи ЦСКА со 93-78 и го освои третото место на финалниот турнир во Милано.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Критијано Роналдо синоќа израмни историски рекорд на Раул, Реал М. прв стигна до 6 000 гола во Примера
-
Продолжува мизеријата на Реал: „Кралевите“ елиминирани од Купот на Шпанија на сред „Бернабе“(видео)
-
Нов кикс на Реал Мадрид, Селта му извлече бод на фаворитот (видео)
-
Животната приказна на нашиот центар: Антиќ во центарот на вниманието на Евролигата (видео)