| четврток, 6 декември 2018 |

„Џемироквај“ главна ѕвезда на „Си-денс“ во Будва

По повеќе од дваесет години успешна кариера, 25 милиони продадени албуми, освоени награди „Греми“, безброј откачени шапки и еден од најпосетените концерти во историјата на фестивалот „Егзит“, „Џемироквај“ се придружува на авантурата да ги придвижи посетителите на „Си-денс“ на фанки морски танц со хитовите “Virtual Insanity”, „Cosmic Girl“, „Love Fool“, „Little L“, „Corner of the Earth“ и многу други!

По дури 22 години на сцената, Џеј Кеј и екипата ја докажуваат постојаноста на својот својствен израз, со години обоен со фанк, електро и чисти поп-сегменти. Комбинацијата на лелеавиот вокал и интересните костимографски креации им овозможи отскокнување од шаблонот и резултираше со кариера преполна со хитови како „Cosmic Girl“, „Love Fool“, „Little L“.

Дури и по толку долгорочна кариера крунисана со награди, „Џемироквај“ и понатаму важи за група што дава сè од себе на настапите, што сигурно ќе се случи и на фестивалот „Си-денс“, пред огромниот број обожаватели подготвени повторно да заиграат со вечното момче, Џеј Кеј!

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top