| четврток, 6 декември 2018 |

Хуманитарна акција и во Кисела Вода

kisela vodaОпштина Кисела Вода утре организира хуманитарна акција за помош на жителите од Србија која е зафатена со поплави.

Како што информираат од Општината, од 10 до 18 часот, во просториите на големата сала на општина Кисела Вода сите граѓани во рамки на своите можности можат да донираат облека, флаширана вода, хигиенски средства и со тоа да им обезбедат помош на жителите на Србија на кои во моментов им е неопходна.

Помошта може да се достави и до сите месни заедници на територија на општина Кисела Вода од 10 до 18 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top