| четврток, 6 декември 2018 |

ЕЛЕМ: Во секој момент сме подготвени да и помогнеме на Србија

елем

Директорот на ЕЛЕМ, Дејан Бошковски, денеска во своето гостување на Канал 5 телевизија изјави дека се во постојана комуникација со колегите од Србија и спремни се во секој момент да понудат секаква помош.

-Во текот на вчерашниот и денешниот ден имавме интензивна комуникација со колегите од Република Србија. Таму е лоша ситуацијата, нивните електрани имаат намалено производство на електрична енергија. Со комуникација и анализи , следејќи ја состојбата како да се намалат и минимизираат опасностите во електроенергетскиот блок и да се задоволат потребите на граѓаните во Србија, ЕЛЕМ ќе испорачува 80 мегавати електрична енергија- објави Бошковски.

Тој додаде дека секојдневно ќе се следат состојбите во Србија, а комуникацијата ќе продолжи и понатаму.

Исто така, тој изјави дека согласно потребите на Република Србија, подготвени се да помогнат со поголемо количество на електрична енергија, а понудена е и помош за санирање на проблемите

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top