Во Република Србија денес АРМ испрати обучен персонал со материјално-технички средства и опрема наменети за помош во вакви прилики.
Кон Босна и Херцеговина од АРМ се испратени 3 илјади ќебиња кои заедно со останатата хуманитарна помош од Република Македонија се на пат кон поплавените региони во оваа држава.
Хуманитарниот контингент на АРМ е дел од контингентот на Република Македонија, со помош наменета за поплавените региони во Србија и Босна иХерцеговина, каде во текот на денешниот ден заедно со претставници на Дирекцијата за заштита и спасување се упати кон Република Србија.
На овој начин АРМ уште еднаш ја покажа подготвеноста за делување во услови на природна катастрофа и надвор од Република Македонија, како што во моментов е случај со поплавите во соседството и поширокиот регион на Балканот
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.





