| четврток, 6 декември 2018 |

ЕУ испраќа помош на Србија и на БиХ за поплавите

Европската унија го активира својот Механизам за цивилна заштита по синоќешното барање за помош од Србија и од Босна и Херцеговина, поради поплавите кои погодија големи делови од територијата на двете земји.

srbija-poplave-pretnje-alpi-karpati-1362869656-279861

Неколку часа откако Србија побара помош, Германија, Бугарија, Австрија и Словенија понудија помош, која во најкус можен рок може да биде реализирана преку Механизам за цивилна заштита на ЕУ во поплавените подрачја во земјата.

На Србија и се потребни пумпни станици со голем капацитет и тимови кои ќе управуваат со нив, додека БиХ побара хеликоптери и моторни чамци за евакуација на луѓе и транспорт на вода, лекови и храна.

Координативниот центар за ургентна помош на Европската унија е во непосреден контакт со погодените земји, како и со земјите-учесници во Механизмот, со цел да се истражи понатамошната можност за пружање на помош.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top