Популарната пејачка Селена Гомез била бремена од своето поранешно момче Џастин Бибер, пишува списанието „Ин тач“.
Имено, пејачката имала спонтан абортус во 2012 година. Кога дознала дека е бремена, Селена планирала да го роди детето, исто како што мајката на Џастин го родила него на 16 години.
– Бременоста не била планирана, но тоа не ја интересираше. Таа беше решена да го задржи детето. Беше убедена дека тоа е знак дека треба да остане со Џастин до крајот на животот. Меѓутоа, Џастин не сакаше да го прифати тоа. Селена два месеца потоа имаше спонтан абортус – изјави извор за списанието.
Наводно, поради тоа решила да го смири својот живот, а целата приказна е демантирана од нејзиниот портпарол, кој изјави дека сето тоа е измислено.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


