| четврток, 6 декември 2018 |

Серхио Родригес е феномен, стана најкорисен играч во Евролигата како резерва

Шпанскиот репрезентативец и член на Реал Мадрид, Серхио Родригес, е уникат во европската кошарка откако беше прогласен за најдобар играч во престижната Евролига, а до подвигот стигна од клупата за резерви на „кралскиот клуб“.

Родригес најчесто беше шестиот играч во ротацијата на Реал Мадрид, односно прв влегуваше од клупата за резерви, но и тоа не му пречеше да прикаже извонредни игри во Евролигата. Серхио има просек од 13,5 поени и 5 асистенции и заедно со соиграчот Руди Фернандес, потоа и Кит Ленгфорд од Армани Милано, со Сони Вимс од ЦСКА Москва и со Анте Томиќ од Барселона ја сочинуваат најдобрата петорка во Евролигата.

Признанието за најкорисен играч во регуларниот дел, Родригес има шанса да го закити и со европската круна бидејќи Реал Мадрид е учесник на фајналфорот. Денеска од 21 часот Серхиот и „кралевите“ ќе играат во вечното шпанско дерби против Барселона, а ако победат за европската титула ќе играат со подобриот од првото денешно полуфинале (18 ч.) меѓу ЦСКА и Макаби.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top