| четврток, 6 декември 2018 |

Поддршка од 25 милиони евра за претприемачки од западен Балкан

зени
Финансии во износ од 25,1 милиони евра и советодавни услуги за бизнис ќе бидат на располагање преку програмата за западен Балкан за менаџерки на
мали и средни претпријатија, на Европската банка за обнова и развој (ЕБРД), Шведската мeѓународна развојна агенција (Сида) и Луксембург.
Програмата „Жени во бизнисот“ ќе се спроведува во наредните четири години, а е наменета за мали и за средни претпријатија управувани од жени, кои имаат потреба од финансии и од совети за да можат да го развиваат бизнисот. Финансирање, техничка помош за учество во финансиските институции и совети за бизнис се предвидени за жени-претприемачи во Албанија, Босна и Херцеговина, Македонија, Косово, Црна Гора и во Србија.
– Првично, Банката ќе учествува со 20 милиони евра, наменети за креирање кредитни линии за бизнисите управувани од жени, и преку локалните финансиски институции, сѐ со цел да промовира одржливо зајмење на МСП управувани од жени, во зависност од конечно одобрување на Бордот на директори на ЕБОР – соопшти канцеларијата на Европската банка за обнова и развој.
За спроведување на програмата „Сида“ обезбеди 3,6 милиони евра, а од Луксембург 1,5 милион евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top