Премиерот на Србија, Александар Вучиќ им помагаше и делеше хуманитарна помош на загрозените граѓани во Србија кои најмногу настрадаа во поплавите.
Во Србија е прогласена вонредна состојба, а досега пет лица загинаа од поплавите. Премиерот, со воен хеликоптер стигна до најзагрозените места и на населението им делеше вода, храна и ќебиња.
Според српските медиуми, тој ги откажал сите обврски и со хеликоптерот се упатил кон Кочењево и Уб, и со екипите делел храна и вода за жителите кои се опколени со вода.
фото: Танјуг
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.