Декоративните елементи за уредување на домот и ексклузивниот мебел, како и осветлувањето, овој викенд, од 16 до 18 мај, ќе бидат на попуст од 10 до 70 проценти.
Традиционална сезонска распродажба, „Front Yard Sale“ ќе се случува во продажните салони на „Коинкаса“ (Coincasa) и „Хоум“ (@Home), овој петок и сабота, од 10 до 20 часот, и в недела до 16 часот.
Под мотото „Време е за освежување на домот“, реномираните брендови ќе приредат интересен настан, со голем избор на уникатни производи за секој дел од домот што можат да се најдат само во овие продажни салони, во којшто ќе има и забавен дел, изненадувања за посетителите и дегустација на различни видови кафе, поддржана од „Долче густо“ (Dolce Gusto).
Производите на брендовите за уредување на домот, „Коинкаса“ и „Хоум“ , во своите колекции нудат спечифичен и несекојдневен стил за уредување на домот. Комбинацијата на класика со помалку винтиџ изглед дава автентичност, топлина и пред сè уникатност во секој дом. „Коинкаса“ е италијански бренд, додека, пак, „Хоум“ во својата палета на производи нуди елементи за уредување од повеќе реномирани европски брендови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.