Над 25 отсто во просек поевтина струја добија македонските компании кои влегоа во втората фаза на либерализација на пазарот на струја и потпишаа договори со ЕДС. Нивните фактури драстично се намалени од оние кои порано ги добиваа од досега единствениот добавувач на струја, ЕВН.
– Многу сме задоволни што либерализацијата покажа резултати на терен за кои многумина сметаа дека нема да се случат со падот на монополот на ЕВН. Задоволни сме дека новите пазарни услови кои ги постави ЕДС како компанија која има најголем пазарен удел и балансна група во либерализираниот пазар на струја ги следат и другите намалувајќи ги цените. Тоа е само показател дека политиката за која се залагаше ЕДС има реален ефект кај македонското стопанство – изјавија од ЕДС.
Во овој месец компаниите изразиле задоволство од начинот на работа на ЕДС за квалитетот и беспрекорноста на услугата. ЕДС е единствена македонска компанија што има развиена мрежа за снабдување со електрична енергија и искуство во набавка на струја на слободен пазар. Во нејзиниот состав засега работат единствените лиценцирани брокери на берзата за струја. ЕДС котира на меѓународната берза за набавка на струја, што значи дека компаниите кои набавуваат струја од ЕДС ќе бидат сигурни во договорената цена и квалитетот на испораката.
Компанијата има најголема балансна група на потрошувачи, што значи исполнување на сите договори од почеток до крај во однос на цената, квалитетот и услугата. Големата балансна група значи можност за маневрирање и овозможување на цена договорена со клиентите.
„Во овој бизнис правилото е едноставно. Кој ја нема најголемата балансна група не може да понуди подобри услови. Тука е и нашата предност – тврдат од ЕДС.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.