| четврток, 6 декември 2018 |

Србија: Втора жртва во поплавите, исчезнал спасувач

srbija-poplavi
Поплавите во Србија ја зедоа и втората жртва. Четириесет и двегодишниот пожарникар Д.Л. утрово исчезнал за време на спасувачка акција во водите на реката Јасеница.

Претходно во поплавите се удави еден човек во Белград. Тој се удавил откако не ги почитувал советите од надлежни органи кои барале од него да се евакуира од куќата.

Во цела Србија поради поплавите е прогласена вонредна состојба во 19 општини, а затворени се и повеќе автопатишта и локални патишта. Најтешка е ситуацијата во Ваљево, каде што се излеа реката Колубара. Во Ваљево синоќа се евакуирани две населби со вкупно 400 дома. До раните утрински часови од градот бил прооден само еден пат, а се стравува дека во текот на денот и тој ќе биде прекинат за сообраќај.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top