Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска ќе престојува во работна посета на Брисел, во рамки на која ќе се сретне со претседателот на Европскиот совет, Херман ван Ромпуј, и со еврокомесарот за проширување Штефан Филе.
Ова е прва дипломатска посета на Иванов по неговата инаугурација за шеф на државата, по реизборот на 27 април.
Посетата на Иванов на седиштето на ЕУ на почетокот на вториот мандат, според дипломати во Брисел, сигнализира дека Република Македонија останува доследна на европскиот курс и агенда, и исполнувањето на стратегиските цели за европската интеграција на земјата.
Брисел беше прва дестинација на претседателот Иванов и по инаугурацијата за шеф на државата во 2009 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Кабинет на Иванов: Претседателот ќе се обрати пред Парламентот!
-
Иванов: Албанскиот јазик е важен дел од македонското мултиетничко и мултијазично општество
-
Иванов го честиташе 11 Октомври: Достојно и гордо да го чуваме ова парче земја бидејќи тоа е сè што имаме
-
Иванов во Њу Џерси: Конечната одговорност е на македонските граѓани



