Професор на престижниот факултет во Колумбија ги шокирал своите студенти откако се соблекол по долна облека, а зад себе на видео ѕид пуштил снимка од нападот на кулите Близначки во САД во 2001 година. Тој се соблекол на почетокот на предавањата за квантна механика, со цел на своите студенти да им објасни дека е неопходно да го научат неговиот предмет.
-Морате да се соголите од се што досега сте научиле за да можете да ја сфатите квантната механика – рекол тој.
Но не останал само на тоа. Неговите асистенти пред студентите изнеле две плишани играчки, им врзале превез околу очи, една од играчките ја набиле на меч и ја фрлиле во публиката. Во позадина тогаш се појавила снимка од нападот и од Осама Бин Ладен.
Снимката брзо се најде на интернет, а се слушаат и коментарите во позадина. Една девојка во моментот кога тој го вади микрофонот помислила дека се работи за пуштол…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


