| четврток, 6 декември 2018 |

Триптихот на Френсис Бејкон продаден за 80 милиони долари

francis-bacon-foto

Триптихот на британскиот сликар Френсис Бејкон синоќа е продаден на аукција во Њујорк за 80 милиони долари, а дело на Енди Ворхол е продадено за скоро 63 милиони долари, соопшти британската куќа „Кристи“, која секоја година во Њујорк ја организира својата пролетна аукција.

Сликата „Три студии за портрет на Џон Едвардс“ која се состои од три платна е насликана во 1984 година и беше продадена за 80.805 милиони долари на еден купувач кој телефонски учествувал на аукцијата.

„Кристи“ во февруари го продаде портретот на Бејкон на кој е прикажан неговиот љубовник и муза Џорџ Дајер, а беше продаден за повеќе од 42 милиони фунти (51 милион евра).

Триптихот на Бејкон „Три студии на Лусијан Фројд“ минатата година беше продаден на аукција во Њујорк за 142,4 милиони долари, што е светски рекорд за уметничко дело продадено на аукција, исто така во аукциската куќа„Кристи“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top