Убавиот актер Жерард Батлер е доказ дека се уште постојат вистински џентлмени. Тој приреди вистинско мало шоу за гостите во еден ресторан во Сиднеј, каде го снима неговиот нов филм, 150 милиони долари вреден блокбастер „Good of Eqypt“, пишува Индекс.
Имено, актерот вечерал во истиот ресторан како и непознатата двојка, кои таа вечер ја славеле првата годишнина. Но, во средината на вечерата, двојката се скарала, а мажот многу брзо стана од масата и си заминал.
– Ја остави така сама, во средината на ресторанот, пред сите, откри непознат извор. Но, во тој момент допол Жерард, како принц на белиот коњ, и и се понудил на девојката да и ја плати вечерата.
– Вечераа заедно и изгледаа како добро да се забавуваат. Кој знае, ако момчето наскоро не се извини, можеби госпоѓицата ќе си најде нов, открија очевидците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.