| четврток, 6 декември 2018 |

Го тужи Мајкл Џексон за сексуално злоставување

Џејмс Сејфчак ја шокираше јавноста откако поднесе тужба против покојниот пејач Мајкл Џексон поради тоа што тој го злоставувал додека заедно ја снимале рекламата за Пепси во текот на 1988 година.

Џејмс минатата недела поднесе тужба продив Џексон тврдејќи дека кралот на поп музиката прв пат го допрел кога ја снимале
рекламата.

Тој тврди дека тоа почнало кога имал 10 години и продолжило се до неговата 15-та година.

Интересно е тоа дека Џејмс веќе еднаш сведочеше на суд во 2005 година кога стануваше збор за злоставување и тогаш рече дека покојниот пејач никогаш не го допрел, иако куќната помошничка сведочеше дека еднаш ги затекла на креветот на Џексон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top