| четврток, 6 декември 2018 |

Џеј Зи изеде ќотек поради Ријана (видео)

Дваесетиседумгодишната Сестра на Бијонсе, Соланж која пред неколку дена го нападна Џеј Зи, тоа го направила поради тоа што не си го одржал ветувањето да и помогне во кариерата, пишува „Дејли Мејл“.

-Соланж му е лута на Џеј Зи затоа што тој и вети дека ќе и помогне во кариерата. Меѓутоа кога тоа му го спомна на Мет Галата, тој и рекол дека нема време и дека работел на некои други работи во студиото. Едноставно, не го одржал ветувањето – раскажуваат членови блиски до семејството.

Истите извори кажуваат дека Соланж нема никаква реклама за новиот албум.

-Нејзиниот албум наскоро треба да излезе, а никој ништо не зборува за тоа, што е многу лошо во музичката индустрија. Соланж од секогаш сакала да успее, и затоа и е љубоморна на Бијонсе – открива  изворот.

Друг извор вели дека се почнало на Мет Галата кога  Џеј  Зи ја нападнал Соланж поради пријателот кој го донела со неа, а  секогаш на негово име одат на забави од типот на Мет Галата. Дури и телохранителот на  Бијонсе рекол дека имаат проблем поради тоа.

Соланж затоа инсистирала да си оди, но кога тргнале, Џеј Зи им рекол дека  ќе оди на забавата која ја организира Ријана. Тогаш Соланж почнала да му вика – Зошто едноставно не можеш да си одиш дома, па и се обратила на  Бијонсе со зборовите -Зошто твојот сопруг мора да оди во друг клуб?

После ова Соланж и Бијонсе заминале со еден автомобил, а Џеј Зи со друг право на забава кај Ријана.

По сето ова Соланж ја избришала својата сестра Бијонсе од Инстаграм, односно нивните заеднички фотографии.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top