Масовна велосипедска манифестација „Сите на велосипед“ е најавена денеска во Скопје, како дел од кампањата „Мај – месец на велосипедистите“.
Планирани се повеќе велосипедски тури кои ќе почнат од различни локации на територијата на Скопје, а ќе завршат во Градскиот парк. Учесници се членови на велосипедски клубови од Скопје, ученици од средни скопски училишта и други граѓани.
Кампањата ја организира Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во соработка со Град Скопје и Велосипедската федерација на Македонија.
Целта е да се промовира велосипедизмот, подигање на јавната свест за поголема безбедност на велосипедистите во сообраќајот и подобрување на знаењата на македонските средношколци од областа на сообраќајот и вештините за управување велосипеди.
Велосипедистите се меѓу најранливите учесници во сообраќајот, а нивната безбедност се влошува, покажува статистиката на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Од почетокот на годинава во Македонија загинал еден велосипедист, а 29 се повредени. Лани од вкупно 198 загинати во сообраќајот, 11 биле велосипедисти, а 302 биле повредени. Во 2012 се регистрирани 13 жртви велосипедисти и 365 повредени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст