| четврток, 6 декември 2018 |

За продолжување на изградбата на плоштадот Скендербег уште половина милион евра

Општина Чаир склучи нов договор за архитектонски и инженерски услуги за продолжување на изградбата на плоштадот Скендербег. Договорот вреден 438.800 евра е склучен со Друштво за градежништво и услуги „Урбан стил инженеринг ДООЕЛ Скопје“.

Согласно овој договор, фирмата ќе треба да го подготви основниот проект за плоштадот во рок од пет месеци, врз основа на веќе изработеното идејно решение на архитектите од „Архинг Груп“.

Проектот ја опфаќа втората и третата фаза од реализацијата на идејното решение за овој плоштад. Досега во плоштадот се вложени околу 2,5 милиони евра, а според проценките до конечната реализација би можел да чини и 10 милиони евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top