| четврток, 6 декември 2018 |

Милионер држел во заробеништво девет манекенки

Британски милионер со години држел во заробеништво девет манекенки со кои имал седум деца во својот харем во летувалишетот Коста Дел Сол. Уапсен е откако една од девојките успеала да повика полиција и да го пријави за семејно насилство.

Шоја Шојаи (56) наводно сите модели ги запознал во Лондон каде се претставувал како нафтен тајкун кому му се пријатели Владимир Путин и Барак Обама. Им ветува отворање на вратата на модната индустрија мамејќи ги да појдат со него на луксузниот имот уреден во арапски стил во Марбелја, а потоа ги држел таму под закана со физичко и психичко насилство, тврдат денеска деветте жени кои биле негови заробенички.

harem-daily-mail-1399994648-495819

Се разбира, откако ќе дојделе во неговата вила со 10 спални соби, со својот „добродетел“ морале да спијат, а седумте деца кои ги имал со нив се на возраст од девет месеци до седум години. Шојаи инаку по потекло е од Иран, но има британски пасош, а во „харемот“ како вистински султан доаѓал повремено, а живеел во соседната вила. Жените и рекле на полицијата дека не смееле да излегуваат надвор од имотот,  а само на неговите возачи или под надзор на Шојаи морале да кажат каде ќе одат и кога ќе се вратат.

Доколку не го послушале, им се заканувал дека ќе се освети на децата или на нивните семејства. Освен тоа, оние побогатите морале да плаќаат и месецна станарина. Полицијата на имотот пронашла и дрога за силување, „Rohypnol“, а несудените манекенки изјавиле и дека морале да земаат и антидепресиви.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top