Научниците кои го надгледуваат топењето на ледената покривка на Антарктикот предупредуваат дека климата се променила и дека човештвото ја поминало точката од која веќе нема враќање.
Последното истражување покажало дека топењето на голем дел од ледената прекривка на западот на Антарктикот се чини не запира, а процесот би можел да доведе до уште поголем пораст на глобалното ниво на морињата, од она што претходно се проценуваше.
Ледената прекривка на западен Антарктик е клучна за растот на нивото на морињата и содржи 2,2 милиона кубни километри мраз, односно сочинува десет отсто од вкупниот волумен на мразот на Антарктикот. Кога сиот тој мраз би се стопил, нивото на морињата би пораснало за дури 4,6 метри, што би довело до потопување на крајбрежните градови. Шест ледници во западен Антарктик кои забрзано се топат, содржат доволно вода нивото на морињата да го подигнат за дури 1,2 метри.
Студијата објавена во часописот „Science“ предвидува дека еден од ледниците ќе се урне и ќе се стопи за 200 до 500 години. Неговото исчезнување би можело да доведе и до исчезнување на целата западна ледена плоча.
Брзината со која ледената покривка на Антарктикот се топи од 1973 година се зголемила за дури 77 отсто, заради што научниците предупредуваат дека речиси е невозможно таквите процеси во целост да се запрат.
– Целиот систем стана една голема последователна реакција која е незапирлива, а секој нов процес со себе повлекува следен – вели Ерик Ригнот, експерт од НАСА.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.