| четврток, 6 декември 2018 |

Проверете дали сте секс зависник

Зависноста од секс може да подразбира низа претерувања од сексуална природа. Човекот станува зависник од секс кога неговото/нејзиното однесување излегува од контрола и негативно влијае на животот.

Често читате литература за секс

Кога непрестано ги листате магазините во кои главната тема е секс, дефинитнивно патите од сексуална зависност. Тука не се мисли на просечниот маж кој повремено ужива во порно филмови, фотографии или статии за сексот. Станува збор за мажи кои исклучиво ги читаат материјалите за сексот, а притоа целосно ги игнорираат сите останати работи. Зависниците од секс, се редовни посетители на сајтови за возрасни.

Ги загрозувате врската и пријателствата

Ако сте зависник од секс, лесно ќе бидете склони кон лажење. Можно е да го избегнувате контактот со пријателите, за да имате повеќе време за секс. Не секогаш станува збор за неверство. Лагата може да се манифестира на различни начини, како што се редовните посети на стриптиз клубовите или кината со hardcore порничи, секако без знаење на пријателите и партнерот/ката.

Водите двоен живот

Дали имате, паралелен партнер/ка? Дали редовно го изневерувате партнерот/ката? Дали го криете својот сексуален живот?
Доколку имавте барем еден потврден одговор, значи дека водите двоен живот само поради сексот, што може да биде еден од знаците на сексуална зависност. Иако многу луѓе ги изневеруваат своите партнери, незаситната и претерана желба за овој чин секако е неприродна. Држењето на вашиот сексуален живот во тајност исто така може да сигнализира на проблем, бидејќи сте свесни дека правите нешто погрешно, а не можете да си помогнете.

Во постојана потрага за експлицитни сексуални авантури

Ако вас не може да ве задоволи сексот со иста личност, можеби потребното возбудување ќе го побарате на некое друго место. На овој начин може да се доведете себе си во опасност, бидејќи постојано ќе барате нов и поинаков стимуланс за сексуално задоволство. Доколку и понатами не сте задоволни со „стандардните“ методи на водење љубов, секогаш ќе бидете во потрага по нешто “невозможно”, и вашата сексуалност ќе пати.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top